| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ се враќа на терените

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се врати на терените кон крајот на декември на егзибициониот турнир во Абу Даби, по пет месеци пауза откако го повреди лактот.

Ѓоковиќ се пријавил на турнирот кој се игра од 28 до 30 декември.

-Среќен сум што се враќам во Абу Даби и што ќе учествувам на 10-тото издание на турнирот. Голема чест е да се настапи на овој шампионат, конкуренцијата ќе биде голема и тоа ќе биде вистински тест за моето враќање и почетокот на сезоната, изјавил Ноле за сајтот на турнирот.

Ѓоковиќ во моментов е седмиот тенисер во светот, три пати беше најдобар во Абу Даби (2011, 2012, 2013) на турнирот кој служи како подготовка за Австралија Опен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top