| четврток, 6 декември 2018 |

Силно невреме во Грција (Видео)

Невреме ја зафати Грција. Поројни дождови и силни ветрови предизвикаа проблеми низ цела Грција, јавија локалните медиуми.Во зимските центри во северниот дел на Грција врнел снег. Во градот Патра, на полуостровот Пелопонез, е поплавена болница, а нанесени се штети на многу згради. На островот Кефалонија имало и торнадо, додека во Парга паѓал град.

Во Солун исто така биле предизвикани повеќе проблеми. Според метеоролозите, лошото време во Грција се очекува да продолжи до четврток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top