Тајфунот Лен, кој брзо слабее, на Јапонија денес ѝ донесе свлечишта и поплави поради што е наложена евакуација на десетици илјади луѓе. Во невремето три лица загинаа, стотици авионски летови се откажани, а железничкиот сообраќај е во прекин откако вчера, на денот на изборите, Јапонија ја погоди тајфунот Лен, кој беше силен сѐ до моментот кога се сруши западно од Токио рано утринава, објави Ројтерс.
Меѓу жртвите е маж на возраст од околу 60 години, кој загина додека поминувал покрај градилиште, кога врз него се срушило скеле, а животот го изгубил и рибар кој се обидува да ја задржи контролата над својот брод, додека трето лице загинало кога му се срушило куќата како резултат на свлечиште.
Покрај тоа, две лица се сериозно повредени, а еден човек се води за исчезнат, според јапонската државна телевизија НХК, додавајќи дека уште 90 лица се здобиле со полесни повреди. Во повеќе области во Јапонија реките се излеале од своите корита, а рибарски бродови се насукале.
За околу 80.000 луѓе во Коријами, градот на околу 200 километри северно од Токио, наредена им е евакуација бидејќи тамошната река била на работ да се излие, според НХК, а повеќе стотици куќи во западниот дел од земјата се поплавени.
Death toll rises to five, four elderly, as powerful #TyphoonLan lashes Japan pic.twitter.com/BifhsQJfpC
— CGTN (@CGTNOfficial) October 23, 2017
Тајфунот Лен денеска се намали на бура од втора категорија, откако со денови на север се засилуваше достигнувајќи го нивото на бура од четврта категорија.
Центарот на бурата се премести на Пацификот, североисточно од Токио, и се движи североисточно со брзина од 75 километри на час, според Јапонската метеоролошка агенција, додека се очекува тајфунот утре да прејде во тропска депресија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


