МВР призна дека го прислушкува целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ. МВР ги потврди наводите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Никола Груевски, дека МВР прислушкува над 100 луѓе од врвот на партијата, истакна Оливер Андонов на денешната прес-конференција.
-Тоа што го прави МВР е легално и со наредба од судот преку Јавното обвинителство, а токму обвинителството е тоа што ги води истрагите.” – Пишува МВР во одговор на прашањето : Дали ги следи комуникациите на врвот на ВМРО-ДПМНЕ? Ова е скандал и атак врз демократијата, плурализмот и слободната мисла. Ова е огромен скандал. Нема друга опозиција во светот чие раководство се прислушкува, а МВР тоа јавно го признава. Во исто време МВР се самодемантира, бидејќи пред само еден месец директорот на УБК во интервју за ТВ Телма кажа дека МВР повеќе не врши прислушување на комуникациите. Очигледно е дека МВР под раководство на СДС манипулира и со законските процедури и со граѓаните покрај другото и во врска со следењето на комуникациите како дел од посебните истражни мерки.
Полицијата, додаде Андонов, под контрола на СДС призна дека врши систематско следење на комуникациите на политичарите од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДС врши политички прогон на сите неистомисленици и политички противници. СДС ја претвори МВР во алатка за пресметка со демократските сили во државата. СДС ја претвори МВР во партиска полиција, која наместо да работи за интересите на граѓаните, работи во интерес на СДС. СДС целосно ги има окупирано истражните органи, како што се Јавното обвинителство, МВР и финансиски истражните служби, како и судството и секако СЈО и ги употребува како алатки за преку нив да поткренува нарачани истраги и обвиненија за пресметка со политичките неистомисленици. СДС ја врати Република Македонија во 1949-та година, кога граѓаните за различен став од тој на комунистичката партија на власт беа казнувани со затвор, беа малтретирани и врз нивните семејства беше вршен прогон. СДС владее со истите недемократски методи, со уцени и закани, со помош на полицијата која е ставена во исклучива корист на партискиот врв, вели Андонов и додава:
„Бараме веднаш да се направи стручна експертиза, во која ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти и кои ќе ја утврдат состојбата со следењето на комуникациите од страна на МВР. Кога СДС се дрзнува да го прислушкува раководството на ВМРО-ДПМНЕ, сигурни сме дека секојдневно се прават злоупотреби од секаков вид. Помина времето кога граѓаните подлегнуваа на притисоци. Граѓаните се охрабрени и достоинствено ќе си го заштитат своето право на глас, мисла и ќе застанат на страната на демократијата. Очигледно е дека борбата за македонската државност продолжува во континуитет и во современи услови“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?