Вечерва циклонот го зафати најголемиот дел од Балканскиот Полуостров па така во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Јадранот како и северот и делови од западот на Србија времето е врнежливо а има и локални грмежи. Посебно нестабилно е на северен и централен Јадран каде има локална појава на невреме со интензивни врнежи од дожд, електрични празнења, ветер и локална појава на град.
Полека циклонот се спушта кон југ па така до утрешниот ден ќе стигне и кај нас. Овој циклон е активен во најголем дел од Јадранот. Во Македонија уште рано утрово очекуваме обилни врнежи и електрични празнења кои на места ќе бидат и во портокалова фаза на предупредување.
Извор: meteomax.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.