| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ вршеше поткуп и во Центар, Гази Баба, Карпош – Груевски открива колку чинеле гласовите на скопјани (ВИДЕО)

Анализирајќи го првиот криг од локалните избори во гостувањето во ТВ Алфа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ стави акцент на масовното поткупување глассачи, какво што не забележано досега во Македонија.

-На овие избори имаше масовен поткуп на гласачи поддржан од полицијата. Во многу општини активисти на СДСМ одеа од куќа на куќа, а нив го следешеполициско возило, коешто се паркираше пред куќата додека тие влегуваа во куќата и го вршеа поткупот. Често пати не доаѓаа ниту со различни возила, туку активистите на СДСМ се превезуваа во возилото на полицијата. Тоа го немало никогаш вио Македонија. Се случувале во минатите години поткупи во одредени реони, каде што живее мошне сиромашно население, одредени етнички групи… Сега го имаше масовно, насекаде, го имаше во главниот град, го имаше во Центар, го имаше во капиштец, го имаше во Тавталиџе, Карпош, Гази Баба.

Вечерва добив информација дека полицијата не реагирала на обид за поткуп во Јурумлери.

Одредени наши информации говорат дека СДСМ во овие избори вложи околу 20 милиони црни пари, најголем дел од нив во поткуп, помал дел во официјалната кампања.

Поткупот беше број еден – поткуп со заштита на полицијата. Последните денови поставивме т.н. народни стражи, тоа беа наши членови кои требаше да се движат по улиците, маалата, реоните, селата, градовите, каде што очекувавме дека ќе има поткуп, затоа што тој веќе беше започнат. Поткупот започна десетина-дванаесет дена пред изборите.

Што се случуваше, имавме една ситуација во Прилеп. Влегуваат поткупувачите, полицијата паркирана пред куќата, нашите луѓе пристапуваат кон куќата и довикуваат „Каде одите, што носите во кесите, сакате поткуп да извршите“. Им пристапува полицијата, им бара лични карти, ги одвраќа, не им дозволува да пристапат. И потоа истото се случува пред друга куќа.

Во Центар одеа од врата на врата. најмалата цена за два гласа беше 50 евра, а достигнуваше и 100 евра. Во руралните општини поминуваа поевтино, со 1000-1500 денари.

Ваков поткуп не се случил досега во Република Македонија.

Сево ова е документирано, но невозможно е буквално се да се документира.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top