Поминаа десет години од смртта на оставената сопруга на Бора Чорба, Драгана Ѓорѓевиќ. Драгана починала во сон откако испила голема доза таблети за смирување.
Нејзините соседи изјавиле тогаш дека периодот пред смртта Драгана била воздржана, не разговарала со нив иако била пристојна. Се гледало дека е депресивна и дека ѝ е тешко. По разводот на 5 февруари 2007 година живеела со ќерката и синот многу поповлечено од претходно во станот кој им го оставил Бора.
На влезната врата наместо име и презиме ставила натпис „Да ја зачуваме насмевката“, а над него детелина со четири листа.
Драгана му помогнала на Бора да се излекува од алкохолизмот, била покрај него кога бил на врвот на кариерата, но и тоаш кога немале што да јадат. Ја дотолчило кога дознала дека ја остава за жена помлада од неа цели 28 години.
Драгана и Бора Чорба важеа за контроверзен пар, а се запознале уште како средношколци, но врската ја почнале кога таа се развела од првиот сопруг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.