| четврток, 6 декември 2018 |

Трајковски: Граѓаните ќе ги казнат СДСМ поради притисоците, заканите и уцените од првиот круг

ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба во првиот круг издвојува победа на листата на советници. ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството од 14 советници и тоа ни е доволна гаранција дека проектите кои се во нашата изборна програма ќе бидат реализирани, истакна кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, кој заедно со неговиот противкандидат од СДСМ Борче Георгиевски беа гости во „Само вистина“ на ТВ Канал 5.

Трајковски изрази надеж дека граѓаните ќе ги увидат, како што рече, лагите на неговиот противкандидат кои биле презентирани пред граѓаните.

-Реализиравме голем број на проекти, дел и со Град Скопје, дел и со Владата. Само работата е таа која може да донесе подобро утре за сите нас, значи работа, а не празни ветувања, рече Трајковски и додаде:

„Во првиот круг граѓаните има голем број на притисоци, голем број на закани, голем број на уцени и ред други работи спротивни на законските процердури и изборниот законик, а тоа го кажуваат и граѓаните. Затоа верувам дека граѓаните тоа сега ќе го казнат, односно ќе ги препознаат делата кои планираме за следниот период да ги реализираме, а имаме предвидено 471 проект“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top