| четврток, 6 декември 2018 |

Kолку долго трае идеалниот сон за мажите?

Кинески научници открија дека ненаспаностa влијае погубно на репродуктивните способности на мажите, откако квалитетот на нивната сперма се намалува за 30 проценти, пишува „Метро“.

Таблоидот наведува студија на Военомедицинскиот универзитет во Чонгкинг. Експертите нашле стрмен пад во одржливоста на машките сперматозоиди при сон помалку од 6,5 часа на ден.

Но и прекумерното останување под покривката не било корисно за репродуктивното здравје на претставниците на посилниот пол. Уште полошо. Спиењето во текот на 9 часа го намалува квалитетот на спермата за 40 проценти.

Кинеските истражувачи спровеле експерименти со 796 мажи откако проучувале 2.020 нивни примероци од сперма. Индикаторите на учесниците во експериментите биле следени во периодот 2013-2015 година.

Студијата покажала дека стабилноста на спермата е нарушена кога недоволно се спие, што значи дека ги губи своите карактеристики на оплодување. Ова се должи на несоодветното производство на хормонот тестостерон при краток сон.

Совршен сон за добро репродуктивно здравје на мажите треба да трае помеѓу 7 и 7,5 часа на ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top