| четврток, 6 декември 2018 |

Сонував како ме прашува зошто е убиена недолжна-потресна исповед на другарот на Јелена

Горан Дољанчевиќ, најдобар другар и менаџер на брутално убиената Јелена Крсмановиќ Марјановиќ во исповед за Ало, отворено зборува за таинствениот дел од својот живот и открива дека неколку пати ја сонувал пејачката и дека тогаш го прашувала зошто е убиена.

Тој до детали се сеќава на своите соништа во кои се појавувала Јелена, наведува дека сцените биле многу впечатливи и дека проживеал вистинска драма, бидејќи гледал како ја демне непозната жена баш во моментот кога го прашува зошто таа е жртва на злосторство.

-Јеца ја сонував неколку пати. Првиот пат само молчеше. Лежевме на трева и двајцата молчевме. Следниот пат кога ја сонував, беше многу убава, дотерана и нашминкана, но не беше среќна. Ме праша:Горанче, што се случи?Зарем да страдам ни крива ни должна, на ваков начин?Тогаш отпозади и приоѓа жена со намера да ја нападне и тука мојот сон се завршува!Не го гледам лицето на таа жена. Следниот пат ја сонував неодамна, ден пред нејзиниот роденден, во август. Пееше стари песни. Не престануваше да пее. Не зборувавме, само се смееше и беше многу убава- преплавен со емоции раскажал Горан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top