Се зголемува бројот на нерегуларности на локалните избори, па така во Чаир може да се забележи дека бројот на ливчиња во кутијата и бројот кој е запишан во записникот, а потоа префрлен на веб страницата на ДИК, не се совпаѓаат.
Претседателот на ДИК Александар Чичаковски од СДСМ и членовите на ДИК од истата партија цел ден замижуваат пред очигледните и со факти потврдени нерегуларности во гласањето и броењето на гласачките ливчиња.
На избирачкото место 2875 во Чаир, во кутијата за гласање за избор на градоначалник на Скопје имало 409 ливчиња, иако во записникот стои дека гласот го дале 406, а таа бројка кореспондира и со податокот кој е внесен на веб страницата на Државната изборна комисија.
На денешното разгледување на приговорите за локалните избори од страна на ДИК беше констатирано дека бројот не се совпаѓа, но за членовите на СДСМ во ДИК тоа воопшто не беше важно.
Претседателот Чичаковски неколку пати се обиде да изманипулира со бројките, но при секое пребројување стануваше јасно дека изборната нерегуларност не може да се сокрие.
И покрај гласното инсистирање на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК и покрај нивното инсистирање да се почитуваат законите, СДСМ замижа и пред оваа од низата скандалозни нерегуларности кои се случија на првиот круг од лојкалните избори.
Случајот со избирачкото место во Чаир е само едно во низата пред кои членовите на СДСМ денес избегнуваа да се постапи правилно и според закон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)