Во Државната изборна комисија една по една се разгледуваат поднесените жалби на политичките партии.
Домашните медиуми информираат дека според досегашното темпо неизвесно е дали до полноќ ќе бидат разгледани сите 40 приговори поденсени од ВМРО-ДПМНЕ и по еден од Алијанса за Албанците, Левица и ТМОРО.
Овластените претставници од ВМРО-ДПМНЕ побарале повторување на изборниот процес во неколку изборни места за кои, како што велат, евидентирале нерегуларности кои не биле карактеристика во парламентарните избори на 11 декември. Најголем дел од приговоите на опозициската партија се однесуваат на изборот на градоначалници во Скопје, Прилеп и Радовиш.
Државната изборна комисија денеска почна со разгледување на приговори поднесени од партии и носители на листи за начинот на кој се одвивало гласањето, или пак за изборните резултати од локалните избори. Но, по осум часа расправа разгледни биле само шест од нив.
извор: newsroom.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот


