| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството Јусуфовски живее на излезот од Охрид во ужасни услови: Нема струја, кревети пред распаѓање и под од земја и камен…

Горан Ѓоршевски на својот Фејсбук профил ја сподели приказната за семејството Јусуфовски кои живеат во ужасни услови во местото наречено Алтанин мост на излезот од Охрид. Ова е целиот текст на Горан:

Ај да почнам од некаде. Ако се сеќавате на тој човекот за кого што го имав постирано пред некое време линкот од 24 Вести кај што барав адреса. Најдов сега пред некој ден и дури денес бев да го посетам. Инаку живее на излезот на Охрид, место викано Алтанин мост, на патот за с.Орман. Најдов мобилен негов и се слушнавме претходно па ме чекаше кај Лукоил бензинската. Патот до куќата е стар и неасфалтиран. Некаде после стариот мост се надѕираат неколку бараки и колиби и неколку дрвени врати од истите. Една од нив е и вратата на семејството Јусуфовски. Човекот добар, скромен, онака знаете како, има луѓе на кои во очите им се гледа се, мислиш сета мака и тага собрана во две очи. Влеговме внатре, ама немав добра камера да снимам се. Прво, немаше струја. Во 2017 год сеуште има луѓе што светлината навечер ја бараат преку свеќи. Немав мобилен со добра камера да снимам се што беше внатре.

Два кревети пред распаѓање и еден р’ѓосан шпорет покрај нив. Покрај нив беше ставен еден леѓен за водата која што капеше низ дупнатиот дрвен кров да не паѓа директно на подот кој на места беше камен и земја, а на места штици и стара черга. Тоа беше се што имаше внатре. Ѕидовите беа дрвени и цели влага. Стари, дрвени, мувлосани. На надворешната страна од бараката поради влагата, Енвер имаше ставено дрва за потпирање, за да не се распадне цела. Прозорците беа полуискршени. Го прашав ”Како живеете преку зима?” Вика ”Збираме дрва покрај реката и користиме остатоци од стар мебел за огрев”. ”Вода?” ”Немаме” вели, ”Носам вода од друго место за пиење со шишиња”. Ниту вода ниту струја. Живее со синот. Храна им се домати и сол. Енвер страда од повеќе болести, да не ги бројам сега, што се причина за неговата неможност за било каква работа. Приходите им се најминимални за едвај, од петни жили да го преживеат месецот. Пред некое време бил одбиен од државата за социјален стан, искрено, не ги знам условите, ама тешко беше да ја согледаш причината за тоа. Буквално преживување.

Го прашав дали можам да објавам и објаснам и ми рече слободно, надевајќи се на било каква помош. Телевизијата 24 Вести пред некое време имаше прилог за него. Го прашав дали после тоа добија некоја помош или било каква реакција и ми рече минимално, неколку парчиња облека. Затоа ве замолувам, споделете го ова и помогнете кој колку може со било што. Потребни се ХРАНА, ВОДА, ОБЛЕКА, МЕБЕЛ, ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА, ДРВА ЗА ОГРЕВ итн итн. Од било кој град, село било кое место во државава. Било што, што би помогнало фамилијата да ја помине зимава и да живее нормално, задоволувајќи ги колку толку нормално основните и најелементарни потреби за живот. Ајде да помогнеме, затоа што нив токму помошта им е се за ново утре. Се работи за жители на Охрид, наши сограѓани. Ако ви е потребен број за да исконтактирате директно, пишете ми инбокс ќе ви биде даден веднаш. Однапред ви благодарам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top