
Видно нервозен Чичаковски во неколку наврати ја прекинува седмицата, а неговите колеги Милев и Дума се обидуваат да направат превид на очигледни работи, факти и докази.
Медиумите, но и граѓаните преку социјалните мрежи веќе подолг временски период објавуваат фото и видео материјали од кои се гледа како е вршен изборен поткуп на гласачи, притисок и уцени врз гласачите. Забележан е бугарски воз во општина Карпош и Охрид, во општина Прилеп гласач кога дошол на избирачкото место виде дека некој веќе гласал место него, полицијата во цел предизборен период е ставена под целосна контрола на СДСМ со цел партиските активисти да вршат поткуп на гласачите, но и низа други нерегуларности.
Бројните докази кои ги објавија медиумите, но и гласините помеѓу граѓаните јасно укажуваат на изборни нерагуларности, изборен фалсификат и поткуп на гласачи. Од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа низа забелешки со докази и аргументи до ДИК, Чичаковски, Дума и Милев соочени со фактите, во видно нервозна состојба ја прекинуваат седницата на ДИК во неколку наврати, а додека трае седницата истите во нервозна состојба се обидуваат да премолчат или заобиколат очевидни работи, докази и факти.
Со ваквиот однос ДИК и Чичаковски како нејзин претседател се ставаат во целосна функција на СДСМ. И затскривање на можен изборен фалсификат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.