| четврток, 6 декември 2018 |

Активисти на СДСМ заедно со државните функционери делат брашно и зејтин, а граѓаните на големо коментираат дека големи суми пари биле во игра (галерија)

Изминативе локални избори ќе останат обележани како најнерегуларните избори во историјата на независна Македонија. Притисоци врз граѓани, поткуп и бугарски воз на повеќе гласачки места во државата. Поткупот доминираше во целото предизборие, и медиумите објавија фотографии и снимки од кои јасно се гледа како активисти на СДСМ заедно со државните функционери од истата партија делат брашно и зејтин, а граѓаните на големо коментираат дека големи суми пари биле во игра.

Во прилепската населба „Тризла“  на 2 октомври активсти на СДСМ, заедно со директорот на центарот за социјални работи беше фотографиран како со зејтин и прехранбени намирници оди од врата на врата кај граѓаните од населбата, додека комбето полно со продукти од СДСМ стои паркирано во непосредна близина.

Сите инволвирани во случајот директно извршиле изборен поткуп, а со тоа го прекршиле чл. 162 ст.1 од Кривичниот законик, кој вели: „Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок или друга корист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку пет години“.

Поминаа повеќе од 15 дена од денот на објавување на случајот, но реакција од надлежните органи се уште нема. Нема ниту сигнал дека е покрената било каква истрага. Обвинителството не смее да остане немо за случај за кој постои фото и видео документација во која јасно се гледа кој што и каде врши поктуп на гласови.

Случајот во Прилеп не бил изолиран, медиумите објавија фотографии од кои се гледа дека Мила Царовска во ек на кампања наместо во министерскиот кабинет одела низ градовите во агитација за СДСМ. Според пишувањата на медиумите во присуство на Царовска низ неготинските села се давани по 3000 денари за глас, со ветување дека по изборите истите ќе  добијат и други привилегии од власта.

Вакви и слични случаи се забележани на целата територија на Република Македонија, секојдневно се јавуваат граѓани кои кажуваат  дека им бил нуден поткуп, за на оние кои не сакале да примат поткуп им било вршен притисок со закани и уцени. Јавното обвинителство не излезе со ниту една изјава или соопштение дека работи на овие случаи, кои по гласините помеѓу граѓаните  претставуваат најголемиот организиран изборен поткуп некогаш спроведен во Република Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top