| четврток, 6 декември 2018 |

Министрите на СДСМ го кршеа изборниот законик на секој чекор: Државните ресурси беа ставени во функција на изборите и се купуваа гласови (галерија)

Сите изборните циклуси кои досега ги организирал СДСМ биле проследени со голем број нерегуларности и скандали, па така и овој изборен процес не беше исклучен од криминалниот начин на организирање на избори на СДСМ.

Министрите на СДСМ го кршеа Изборниот законик на секој чекор, а надлежните институции молчеа и продоложуваат да молчат.

Сите државни ресурси беа ставени во функција на локалните избори и изборна ,,победа’’ на СДСМ.

МВР беше претворено во служба за заплашување и притисоци на гласачите, а тоа беше забележано и за време на изборниот ден кога огромен број на полициски возила и службеници беа паркирани пред голем број на избирачки места со цел вршење на притисок на гласачите. Министерот Оливер Спасовски беше забележан како оди од врата до врата да агитира за Филип Темелковски за градоначалник на Кисела Вода и кандидатот за градоначалник на Бутел на СДСМ, Велимир Смилевски.

Советникот пак на Оливер Спасовски за полициски работи, Стојанче Ангелов со службено возило беше забележан како агитира за гласови за СДСМ во Ранковце во текот на своето работно време. Спасовски не беше единствениот кој ја користеше функцијата за партиски цели и наместо да го разрешува бранот на криминал кој ја зафати Македонија од кога на власт е СДСМ, особено обвинувањата за поткуп на гласачи и притисоци тој се шеташе по митинзите на СДСМ и самиот вршеше притисоци врз гласачите.

На терен беше и министерката за труд и социјала Мила Царовска која спротивно на Изборниот законик ветуваше градинки во Струмица за време на предизборна кампања, а потоа во ромската населба во Неготино каде пред неколу дена се делеле по три илјади денари од глас таа ветувала експресни решенија на проблемите на граѓаните. Во прилепската населба Тризла, директорот на Центарот за социјални работи заедно со кандидатот за градоначалник од СДСМ на Прилеп и една пратеничка од редовите на СДСМ од Прилеп делеле зејтин и останати прехрамбени продукти барајќи гласови од граѓаните.

Шеќеринска на терен беше во Тетово со подршка за Теута, Кочо Анѓушев пак агитираше за кандидатот на СДСМ за градоначалник на СДСМ, Максим Димитриевски. Илија Јовановски кандидатот за градоначалник на СДСМ во Прилеп купуваа гласови Никола Димитров министерот за надворешни работи и Горан Сугаревски министерот за транспорт и врски.

Во Штип за Благој Бочварски, гласови купуваше министерот за финансии Драган Тевдовски, додека Сања Лукаревска директорката на УЈП ги заплашуваше граѓаните со инспекции.

За присутвото на Максим Димитриевски кандидат за градоначални на поставувањето на камен темелникот на турската компанија Чагатај Кабло во зоната во Бунарџик,  заедно со вице-премиерот за економски прашања во јавноста имаше огромни критики дури и од медиумите блиски до власта. Експертите и упатените во оваа темаа повикуваа на разум и почитување на препораките на Прибе.

СДСМ немаше слух ниту за Александар Новаковски, бившиот претседател на ДИК од редовите на СДСМ цитирам ,,Владата јавно изјави дека донеле правила на однесување на сите владини претставници , меѓу кои се и одредбите кога зборуваме како да не смеат да се трошат средства од буџет, но затоа што не се донесе законска регулатива за поделба на државата и партиите, според планот 3-6-9 -за да се исполнат забелешките на Прибе и на конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР од изборите 2016’’.

Професорот Осман Кадриу кој е професор по уставно право повика за одвојување на државата од патријата ,,Сметам дека не е баш во духот на изборната кампања. Сметам дека во невреме се прави една ваква свеченост. Требаше да почекаат да заврши оваа кампања. Сметам дека малку се коси со правилата за изборите. Политичарите треба да внимаваат да не ја мешаат државата со партијата’’.

Според Прибе ,, Местото на избраните партии е во Парламентот. Интересот на политичарите и партиите не треба да се меша со јавниот интерес на државата’’ Прибе го споменува и “спојувањето на државата и партијата”, повикувајќи се “на политичка волја и одлучност да воочат недостатоците и да се направат промените” како услов за “спроведување на препораките на групата”. Прибе во однос на изборите вели и дека ,,Некои од набљудувачите покажаа загриженост за несоодветното раздвојување помеѓу државата и партиските активности… неуспехот на медиумите да направат разлика помеѓу покривањето на државните функционери во нивните ангажмани како министри и кандидати, допринесоа кон поткопување на линијата помеѓу државата и партијатa’’.

СДСМ насекаде се фали со имплементацијата на планот 3-6-9 чија основа наводно се насоките од Прибе, но токму на овие избори видовме дека СДСМ ниту ги имплементира, ниту во иднина планира да ги имплементира препораките на Рајнхард Прибе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top