| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Стручни кадри од престижни светски универзитети СДСМ ги замени со несоодветни министри

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска одржа прес конференција на која изрази сомнежи дека новата влада воопшто нема интерес за привлекување на странски инвестиции и упати серија критики кон СДСМ како за кадровските решенија така и за политичките одлуки кои според него може да имаат лоши последици врз целата македонска економија.

Груевски посочи дека искусните кадри како Бил Павлески, Виктор Мизо и Владимир Пешевски кои дипломирале на странски престижни факултети и дошле од моќни компании се заменети со несоодветни министри како Рамиз Мерко и Самка Ибраимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top