Договорот за владината реконструкција е готов и утре тој ќе биде доставен до Собранието- информираше премиерот Зоран Заев по изрекувањето на ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“, не одговорајќи кои се новитетите во неговиот кабинет, рокадите и слично.
-Реконструкцијата ќе ја предложам до парламентот утре затоа што поради пресудата не знаев дали ќе имам цела влада или ќе треба да правам реконструкција. Биографиите на новите министри ќе бидат собрани до утре изутрина и ќе бидат навреме поднесени до парламентот, кој се надевам дека до крајот на месецот ќе ја изгласа реконструкцијата на владата, изјави Заев.
извор: сдк.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.