Мануел Пелегрини конечно го официјализира договорот со Манчестер сити и ќе биде тренер на тимот од „Итихад“ во следните 3 сезони. Досегашниот кормилар на Малага, за првпат ќе работи во Англија, откако претходно беше тренер на јужноамериканскиот континент и во Шпанија. Чилеанецот ги предводеше Вилјареал, Реал Мадрид и Малага.
„Манчестер сити ги има сите услови за да биде успешен клуб. Се радувам што конечно се заврши работата и се надевам дека ќе направиме одличен тим со добра атмосфера во клубот“, рече 59-годишниот тренер. Тој сака со себе од Малага да го доведе извонредниот офанзивец Иско, а англиските медиуми објавија дека трансферот наскоро ќе биде реализиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“