| четврток, 6 декември 2018 |

Досега необјавени снимки од таен планински бункер во кој се чуваат биткоини (Видео)

На една од планините во Швајцарија се наоѓа бункер, претворен во трезор, во кој компанијата Ксапо ги чува биткоините на своите муштерии.

Тоа воопшто не е обичен трезор бидејќи е сместен е во швајцарски воен планински бункер. Точната локација е тајна, а пристапот е ограничен со безбедносни мерки.

Колкава е вредноста на биткоините кои таму се чуваат е исто така тајна, а водичот кој ги превезува муштериите кои доаѓаат по криптовалутата вели дека тие доаѓаат по „милиони“.

Можеби е чудно што на криптовалутата ѝ е потребно чување во магацин, но исто како и за фотографиите, дури и за биткоинот е потребен некаков вид материјално складирање.

Трезорот всушност и не чува вистински биткоин единици. Технички, она што се чува се лични криптографски клучеви, кои овозможуваат пристап до паричките кои се чуваат во биткоин мрежата. Стекнување неовластен пристап до нечии приватни клучеви е слично на неовластен пристап до златни прачки.

Меѓутоа, постојат хакерски приказни за оние кои го нашле својот пат и низ најдобро заштитените компјутери, а иронијата е што методите, кои се користат за заштита на криптовалутата, ги користат и банките. Ако некој добие свој приватен клуч, нема начин парите да се вратат или рефундираат. Затоа фирмите кои чуваат биткоини, како Ксапо, се мети за хакерите, па токму поради тоа има и параноично ниво на безбедност.

Во близина на трезорот се наоѓаат пасишта и планини. Неколку минути по симнувањето од автопатот се стигнува до подножјето на планината, пред капијата висока три метри. Објектот го чува компанијата Делталис, која управува со податоци од 10.000 квадратни метри сместени во овој бункер.Секој клиент на кој му е потребна безбедност ги сместува своите сервери во дупки длабоки 320 метри, кои се наоѓаат во оваа планина. Објектот го изградила швајцарската војска и служел како скривница за војската за време на Студената војна. Внатрешноста и ѕидовите се прекриени со детални мапи, а радио-приемниците служат како потсетници на војничкото минато.

Влезот во бункерот е прекриен со бетонска фасада која се спушта од планината. Влегувањето е како во која било административна зграда, со тоа што мора да се остави и отпечаток од прст. Потоа се минува низ „човечка замка“ која личи на телефонска кабина која штити од куршуми и во која секој посетител на трезорот е затворен се додека операторот не ја отвори вратата од другата страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top