Со 10 милиони евра глоба, Лионел Меси ќе избегне затвор, пишуваат шпанските медиуми. Толкава ќе биде казната, ако шпанскиот суд докаже дека маѓепсникот од Барселона, затајувал данок во висина од 4 милиони евра во периодот од 2006 до 2009 година. Со такво обвинение се соочува најдобриот стрелец на планетата, но засега тоа не е докажано. Но, ако се потврди казната според шпанските закони е висока и може да биде до 6 години зад решетки. Раководството на Барселона, застана во одбрана на својата фудбалска ѕвезда, а претседателот на каталонскиот клуб, Сандро Росел изјави „дека Меси не е виновен и дека има апсолутна подршка од Барселона во мисијата да ја докаже својата невиност“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)