| четврток, 6 декември 2018 |

Брат ја силувал сестра си во Скопско

27-годишен жител на Скопско село ја силувал сестра си.

Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот П.Н. (26) од село во Скопскo пријавила во полициска станица дека околу пладне претходниот ден, додека била сама во куќата, одзади ѝ пришол нејзиниот брат Р.Н. (27), со рака ѝ ја затворил устата, ја соблекол и ја силувал.

По тоа ѝ се заканил дека ќе ја убие ако каже на некого. Во вечерните часови настанало расправија помеѓу жртвата, брат ѝ и нивната мајка. По расправијата, Р.Н. физички ја нападнал П.Н, а потоа земал нож и ѝ нанел исеченица на прстите од раката. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top