С.М(27) од Ужице, која синоќа ни крива, ни должна е повредена во тешка сообраќајна несреќа во центарот на градот, итно е превзена во Клиничкиот центар во Крагуевац.
Според информациите од ужичката болница, каде што најпрво била згрижена по несреќата, С.М се здобила со тешки повреди опасни по живот и во критична состојба е префрлена во Крагуевац.
С.М е во длабока кома, а од несреќата се здобила со хематом на мозокот и неколку скршеници. Девојката е повредена на пешачки остров, каде чекала да премине улица. Во тој момент дошло до директен судир на „поло“ кое се движело низ улицата и БМВ кое идело во спротивен правец.
Од силината на ударот БМВ-то скокнало на пешакиот остров и ја удрило С.М., а потоа се забило во ограда.
Според непотврдени информации, повредената Ужичанка се наоѓала во друштво на две другарки кои неколку секунди пред тоа ја поминале улицата додека на семафорот имало црвено светло. Таа останала да чека да се запали зеленото светло на пешачкиот остров на кој неколку секунди подоцна ја покосил автомобилот.
Патниците од возилата кои се судриле не се тешко повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.