Низа насилства пред, за време и по првиот круг на изборите – во МВР молк. Досега ниту некој е повикан на разговор, а најмалку приведен по низата инциденти кои го одбележаа изборниот процес, анализира Алфа телевизија.
Претепаниот полицаец од С. Николе: Ми се заканија дека в понеделник ќе ме нема (видео)
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски сѐ уште молчи за низата инциденти и јавната демонстрација на сила од негови сопартијци со огнено оружје – низа случаи кои го одбележаа изборниот процес, но се одвиваа и по гласањето.
–Останува отворено прашањето зошто полицијата не расветли ниту еден од низата нерегуларности. Молк од МВР и за фотографиите и видеата по социјалните мрежи на кои се гледа како кандидати за градоначалници и советници на СДСМ се сликаа со пиштоли и калашњикови.Од МВР кусо на прес конференција само соопштија дека изборите поминале во најдобар ред со неколку помали инциденти. Напад со нож, запален автомобил, пукање со пиштол, страв и трепет во општините, партиски челници наоружани до заби, ова е само дел од епилогот за 24 часа по завршување на изборниот ден, објавува Алфа.
За атмосферата да биде уште пожешка и контрадикторна, на социјалните мрежи се појавија низа фотографии каде се гледа како членови на владејачката СДСМ се фалат со пиштоли и калашникови во рацете. На една од нив се гледа како тие пукаат, најверојатно за време на прославата. Еден од нив е телохранителот на Курто Дудуш од Шуто Оризари.
Се појавија и фотографии на кои јасно се гледа како пиштолџии се сликаат за време на изборите, во скопско Арачиново. Слични фотографии од прославата се појавија и од пред партискиот штаб во Бутел.
Инаку, пред камерата на Алфа, сведочеше и партиски симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ кој тврди дека поддржувач на СДСМ му го запалил автомобилот во скопската населба Лисиче.
Во меѓувреме останува молкот од полицијата, која со полни раце работа треба да ги расветли сите прекршувања кои го одбележаа изборниот процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасовски: За повик на бојкот ќе се оди во затвор
-
МВР место да се фокусира за злоупотреба на службена должност, се грижи кој ги направил фотографиите
-
Спасовски се грижи дали го следат на социјалните мрежи, но не и за расветлувањето на убиството на Саздовски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Kриминалот царува по улиците, a Спасовски се прави слеп