| четврток, 6 декември 2018 |

Воена состојба во Шуто Оризари на почетокот на кампањата за вториот круг (видео)

Повторно тежок инцидент во Шуто Оризари. За малку избегната тепачка меѓу симпатизерите на двајцата кандидати за градоначалници, Елвис Бајрам и Курто Дудуш.Од штабот на Елвис Бајрам информираат дека околу 16 часот попладнево, Курто Дудуш, бил на средба со граѓани во населбата. Откако тој си заминал, после половина час на истото место дошол и кандидатот Бајрам, со неговиот советник Аднан Мемет.

Луѓето му се жалеле на Бајрам, дека Дудуш им вршел притисок и им се заканувал. Според штабот на Елвис Бајрам во тој момент пристигнале 3 – 4 возила, со околу 20-тина луѓе во нив и започнале да го навредуваат нивниот кандидат. На групата им се придружил кандидатот за советник, Ќамуран Сокол, кој исто му се заканил на Бајрам, со зборовите – “Сега ние сме на власт, полицијата е наша и ќе правиме што сакаме”.

Штабот на Бајрам обвинува дека нивниот противкандидат Дудуш се појавил во придружба на полицајци во цивилна униформа, односно Алфи и влегле во една од куќите, но биле избркани од сопственикот, кој го штител Бајрам и Мемет. Хермелини, џипови, специјалци, Алфи – се уште не е расчистен судирот помеѓу Курто и Елвис. На новинарските екипи не им е дозволено снимање на терен.

Дали воената состојба во Шуто Оризари е стартот на кампањата на вториот круг на овие „скандинавски избори“ на СДСМ. Доколку ова се смета за демократсака, фер и компетитивна атносфера, што тогаш е недомократско?!

За време на прославата на СДСМ во неделата се пукаше од огнено оружје, што јасно се гледа и на неколку видеа од славјето на членовите и симпатизери на социјалдемократите. На видеото се гледаат нивните лица. Многумина го препознаа токму Курто.

По првиот круг од локалните избори разликата помеѓу Курто и Елвис беше премногу мала.

18. ЕЛВИС БАЈРАМ 3.593  /38,08%
19. КУРТО ДУДУШ 3.763  /39,88%

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top