| четврток, 6 декември 2018 |

Комисијата за набавка на „,мерцедесот“ работела законски

Денеска во судницата на Кривичниот суд, каде се сослушуваат сведоци, на обвинителната клупа седнаа и поранешен премирот Никола Груевски и поранешната министерка Гордана Јанкулоска.
Сведокот Киро Т. истакна дека во 2012 година кога бил набавен „мерцедесот“работел во МВР како советник за човечки ресурси во кабинетот на тогашната министерка Јанкулоска. Тој истакна дека тогаш добил решение дека е член на комисијата за набавка на блендираното возило.

Пред судот сведокот рече дека лично смета како комисијата во која членувал ги има запазено сите законски процедури, од објавување на огласот до изборот согласно потребните спецификации. Според него, на конкурсот се јавил само еден понудувач.

На почетокот на судското рочиште Киро Т. го предупреди судот дека може да има класифицирани информации и побара јавноста да биде исклучена, но судијката Добрила Кацарски ги остави новинарите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top