| четврток, 6 декември 2018 |

Деца си ги избричија главите во знак на поддршка на другарчето болно од рак

decaДесетгодишниот Травис Слинка неодамна ја загубил целата коса како резултат на третманот со радијација за лекување на рак на мозокот. Малото момче се плашело од реакцијата на другите, но моќта на пријателството понекогаш е поголема од она што можеме да го претпоставиме.

– Беше малку загрижен за враќањето на училиште само затоа што немаше коса. Се плашеше што ќе мислат другите деца – изјавила мајката на Травис.

Во знак на поддршка, петнаесет пријатели на Травис си ги избричија главите.

– Без јас да знам, едно од момчињата со неговата мајка испланираа сè. Сите тие се убави прекрасни луѓе – изјавила учителката.

-Петнаесет момчиња влегоа во таа берберница, 15 мажи излегоа. Секој пат кога ќе помислам на тоа, ми се полнат очите со солзи – рекла мајката на Травис.

Постапката на пријателите му го олеснило враќањето на Травис во училишните клупи.

-Сакам многу да им се заблагодарам што го направија тоа-  – изјавил Травис за телевизијата Fox 5 San Diego.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top