| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 22 приговори до ДИК

До 19 часот вечерва поднесени се 24 пријави за сумирање на резултатите од изборите, потврди Државната изборна комисија (ДИК).

Според информациите, две пријави поднела партијата ТМРО, една Алијансата на Албанците и 22 пријави ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, од кои, дел се за сумирање на резултатите, а дел за постапката за гласање.

Со оглед дека општинските изборни комисии ги објавуваат првичните резултати од изборите во рок од седум часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори, рокот за поднесување на приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите истекува ноќва во 2 часот по полноќ, соопшти Државната изборна комисија.

Подносителите на листи на кандидати имаат право да поднесат приговори до ДИК за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати.

Рокот за поднесување приговори за постапката за гласање заврши вечерва до 19 часотот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top