| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случува,зошто пилотот го прави тоа-вработените на аеродромот шокирано гледале од контролната кула

Вработените на аеродромот во германски Дизелдорф вчера биле во шок кога од контролната кула виделе дека еден авион лета многу блиску до зградата на аеродромот. Изгледало како да ќе се забие во зградата.

Станувало збор за аеродромот на компанијата “Air Berlin”, на летот од Мајами за Дизелдорф. Пилотот свртел премногу на лево пред да слета на пистата, па авионот прелетал точно покрај зградата на аеродромот.

Сето тоа го снимиле вработените на аеродромот од контролната кула, кои цело време се прашувале што се случува и што прави пилотот.

Снимките биле објавени на социјалните мрежи, а според гласовите кои се слушаат на истите, изгледа како да не станувало збор за опасност, туку за претстава на пилотот на “Air Berlin”.

Сепак, од таа компанија уште не се огласиле за овој случај, па уште не се знае за што станувало збор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top