Денеска почина првенката на балетот на МОБ, Јагода Сланева.
Сланева работеше во балетот на МОБ од далечната 1968 година, се до нејзиното пензионирање во 1993 г. За нејзе, како вљубеник во балетската уметност, не постоеа мали и големи улоги.
Долг е списокот на рољи кои Сланева со голема љубов и ентузијазам ги одигра на сцената на Македонската опера и балет. Ширин во „Легенда за љубовта“; Суламка во „Песна над песните“; Дојрана во „Лабин и Дојрана“; Марија во „Бахчисарајска фонтана“; Китри во „Дон Кихот“; Снежана во „Снежана и седумте џуџиња“; Џулиета во „Ромео и Џулиета“; Звончица во „Петар Пан“; Кармен во „Кармен суита“ и многу други. Како кореограф ги постави „Мансарда“; „Простување со Тања“; „Ричард III“; „Сказна за сказните“ и др. На оперската сцена настапуваше во : „Орфеј и Евридика“; и „Продадена невеста“, а како репетитор во „Распучин“; „Дон Кихот“; „Кармина Бурана“ (каде беше и асистент кореограф); „Пинк Флојд Revisited“ и други.
Комеморација по повод смртта на Јагода Сланева, ќе се одржи задутре во Македонската опера и балет, со почеток во 11 часот.
Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел, во четврток, 19.10.2017 г. од 13.30, до 14.30 часот, а погребот ќе се изврши во 14.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.