Напад со нож, запален автомобил, пукање со огнено оружје се случија за само 24 часа по завршување на изборниот ден.
Активисти на СДСМ, вечерта во неделата, набрзо откако кандидатот за градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски му ја честита победата на противкандидатот Богоев, се обиделе насилно да влезат во централниот штаб на партијата ГРОМ, кој се наоѓа на улицата „Рузвелтова“ во Карпош.
Насилниците физички ги нападнале Јакимовски и неговиот син.
За време на прославата на СДСМ се пукаше од огнено оружје, што јасно се гледа и на неколку видеа од славјето на членовите и симпатизери на социјалдемократите. На видеото се гледаат нивните лица.
Ова се сериозни инциденти кои го нарушуваат избориниот процес и за нив се предвидени големи затворски казни. Дали МВР работи на идентификација на лицата кои употребуваа оружје на денот на изборите и се фотографираа со пиштоли пред и во партиските штабови? Дали полиција ќе излезе од партиските рамки поставени од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и професионално ќе ги заврши обврските да ги реши изборните нерегуларности или ќе остане узурпирана од партијата на власт?
И самиот изборен ден помина со бројни нерегуларности и кршење на државниот законик, се узурпираа државни ресурси, за да вршат притисок, се поткупуваа гласачи, граѓани постојано се превезуваа на гласачките места, во Охрид се појавија гласачки ливчиња од општина Карпош, а полициски џипови со симпатизери на СДСМ кружеа низ повеќе градови.
Првиот круг од локалните избори помина во недемократска атмосфера и беа креирани нефер услови во кои што се одвиваше изборната кампања, а полицијата беше најголем заштитник и поддржувач на овие активности и ставена во партиска функција.
-Од многу страни добивме информации за огромен број обиди за директен поткуп на гласачи. Секако, продолжи и црната кампања, а скоро и да немаше ден да нема неоснована кривична пријава за некој наш кандидат за градоначалник или актуелен градоначалник. Денешниот изборен ден помина со бројни нерегуларности и кршење на изборниот законик. Беше узурпирање на државните ресурси, се вршеше притисок, имавме информации од многу места за поткупување на гласачи во сиот изминат период, а граѓани организирано се превезуваа на гласачките места. Има сериозни индиции и за манипулација со гласачките ливчиња, па така на повеќе места се појавуваат гласачки ливчиња од други општини, што отвора сомнеж за организирана кражба на гласови, истакна Груевски на прс-конференцијата ноќта по изборите.
Тој посочи дека дури и медиумите објавувале за однапред заокружени гласачки ливчиња, дел од официјалниот изборен процес.
-За прв пат во историјата на Македонија, полициски џипови кружеа со партиски симпатизери на СДСМ во истите автомобили. Сето ова имаше свое влијае на изборниот резултат и овие нешта придонесоа за водство или некаде за победа на СДСМ. За сите нерегуларности ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе преставки и жалби до соодветните органи. Изборите не се завршени, а ВМРО е голема партија со голем број на симпатизери, поддржувачи и партиски членови, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)