Сепак, во „Сексот и Градот” постојат грешки кои никогаш не сме ги забележале, како и нешта кои никогаш не ни паднало на памет дека се случиле додека се снимала серијата.
Серијата е направена по колумните на Кендис Бушнел, а таа добила само 60.000 долари од неа.
Кери требало да биде бринета. Одлуката да стане русокоса била донесена само 24 часа пред да започне да се снима серијата.
Саманта која ја имаше најексплицитната улога, два пати одбила да глуми, но на крај прифатила, а тоа и донесе светска слава и богатство.
Снимањето на последната епизода е завршено четири дена пред да се објави истата.
По финалето на серијата никој од актерите не знаел дека ќе се направат и два филма.
Докторот во сцената во која се пораѓа Миранда е вистински гинеколог!
Синтија Никсон е природна русокоса, па за серијата морала да се офарба црвена.
Во шпицата за серијата автобусот кој ја прска Кери со вода е полн со патници кои гледаат кон неа, а кога таа се врти тој е празен.
Оваа грешка не сме ја забележале иако гледаме со години!
Сара Џесика Паркер е единствена актерка која потпишала договор дека нема да се појави гола во серијата. Другите актерки изгледа немаа проблем со тоа.
Ниеден од главните ликови не носел исто парче облека се до последната епизода кога Кери го носела капутот од првата епизода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Проколната телевизиска серија: Во три месеци починаа два актери
-
Лошата Фикрие од „Нашата Дениз“ во приватноста е многу згодна!
-
Што стои зад препевот на познатата „Налеј Налеј“ за серијалот „Македонија“ и каква е поврзаноста на гемиџиите? (видео)
-
Снимена првата сезона од серијата „Македонија“ објавен е и трејлер