| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК ќе ги соопшти официјалните резултати по истекот на роковите за жалби

Државата изборна комисија (ДИК) ќе ги соопшти официјалните резултати од локалните изброи по истокот на роковите за жали. Уште официјално не може да се каже во колку општини изборите се завршени, а во колку ќе треба да се гласа во вториот круг, рече денеска на прес-конференција претседателот на ДИК Александар Чичаковски. Тој рече и дека не може да се кажат точните мандати на советници се додека не се добијат конечните резултати.

– Сега следува период на приговори, жалби и тужби до Управен суд. Па дури откако тоа ќе заврши ќе можеме да кажеме колку точно општини добиле партиите и во кои општини ќе треба да се гласа и втор круг – рече Чичаковски.

Партиите имаат право на приговор до утре до полноќ, по што ДИК ќе ги разгледува приговорите. Откако ќе се одлучи по приговорите, партиите имаат право да се жалат до Управниот суд. Откако ќе истечат роковите за оваа постапка, ДИК ќе ги објави официјалните резултати.

Според засега обработените податоци, неофицијално четириесет и пет општини добија градоначалници по првиот круг од локалните избори што се одржаа вчера, а во 35 општини на 29 октомври ќе се гласа во втор круг.

Од досега преброените гласови, излезноста е повеќе од 60 отсто.

Во првиот круг избрани се градоначалници на Аеродром, Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Гевгелија, Ѓорче Петров, Делчево, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Илинден, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крвогаштани, Крушево, Куманово, Лозово, Маврово – Ростуше, Неготино, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Пласница, Прилеп, Радовиш, Ранковце, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица, Центар, Центар Жупа, Чучер Сандево и Дебрца.

Втор круг ќе има во Боговиње, Брвеница, Бутел, Виница, Врапиште, Гази Баба, Гостивар, Градско, Дебар, Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Долнени, Желино, Зрновци, Јегоновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Липково, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Сарај, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чаир, Чашка, Чешиново – Облешево, Штип и Шуто Оризари.

Според Државната изборна комисија, на вчерашните локални избори има 51.164 неважечки ливчиња за гласање за општинските совети, додека за изборите за градоначалници има 45.066 неважечки ливчиња.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top