| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерката се веселеше-Ана Брнабиќ го ожени братот!

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ во саботата имаше двојна причина за славење. Покрај тоа што најпрво во Крушевац, со скршена чаша кажа „живели“ и одбележа 100 дена работа на Владата, Брнабиќ во доцните попладневни часови го ожени и својот брат.

Свадбената веселба, како што се дознава, приредена е во еден екслузивен ресторан во елитниот дел на Вождовац.

Нејзиниот брат и неговата избраничка не сакале помпезно славење, па затоа се решиле за поинтимна атмосфера. Ана не ја симнувала насмевката од лицето, иако била видно преморена, а гостите уживале во пријатниот амбиент-открива извор близок на премиерката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top