| четврток, 6 декември 2018 |

Голман починал после судир со играч (Видео)

Индонезиски голман Чоирул Худа починал на теренот после судир со својот соиграч, светските медиуми ги пренесоа овие трагични вести.

Искусниот 38 – годишниот голман тргнал по топката, но се судрил со својот соиграч и потоа само паднал на земјата.

Худа бил свесен после добиениот удар и кога добивал помош од докторите на теренот, но набргу потоа во болницата починал.

Докторите навеле дека починал поради удари добиени во глава и врат.

Худа бил легенда на клубот Персела Ламонга за кој настапува од почетокот на својата кариера. Во клубот пристигнал уште во 1997 година и до сега собрал 500 настапи за овој индонезиски клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top