За скоро 20% е намалена излезноста до 13 часот во споредба со претходните локални избори кои се одржаа во 2013 – покажуваат статистиките на Државната Изборна Комисија.
-Излезеноста до 13 часот според податоците добиени од општинските изборни комисии (ОИК) на територија на РМ изнесува 27,11 проценти. На ниво на Град Скопје е 29,17 проценти, соопшти портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска.
На минатите избори, во овој период излезноста беше над 45%.
На ниво на Македонија, на овие лолакни избори најголема излезност има во Демир Капија, а најмала во Босилово. Во споредба со изборите пред 4 години, до 13 часот поголема излезност има само во општините Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Неготино и Кавадарци.
Најголем пад на одзивот има во Кичево, каде што денеска до 13 часот излегле за 27% помалку гласачи во споредба со 2013, потоа слегуваат Могила, Вевчани, Врапчиште, Јегуновце.
Интересен феномен е и Струмица, каде на претходните избори до 13 часот излезноста беше Струмица близу 45% а сега е само 26.
До 13 часот, во Источна Македонија излезноста на овие избори е повисока отколку во Западна Македонија, на шестите локални избори во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.