| четврток, 6 декември 2018 |

Голман починал после судир со играч (ВИДЕО)

Индонезиски голман Чоирул Худа починал на теренот после судир со својот соиграч, светските медиуми ги пренесоа овие трагични вести.
Искусниот 38–годишeн голман тргнал по топката, но се судрил со својот соиграч и потоа само паднал на земјата.

Худа бил свесен после добиениот удар и кога добивал помош од докторите на теренот, но набргу потоа во болницата починал.

Докторите навеле дека починал поради удари добиени во глава и врат.

Худа бил легенда на клубот Персела Ламонга за кој настапува од почетокот на својата кариера. Во клубот пристигнал уште во 1997 година и до сега собрал 500 настапи за овој индонезиски клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top