| четврток, 6 декември 2018 |

Кажи, ало: Репортерка на Сител ја налути Ивона (ВИДЕО)


Ако некој ги памти овие избори уште долго, тоа сигурно е младата репортерка на Сител, која известуваше од гласачко место во Бутел. Непромисленост, неискуство, арогантност – кажете што сакате, но тешко е да се поверува дека таа ќе има можност да ја поправи грешката.

Додека зема изјава во живо од член на Избирачки одбор од гласачко место во Бутел, на репортерката ѝ ѕвони телефонот, а таа среде изјавата си се јави. Соговорничката остана на половина збор да ја почека репортерката да го заврши муабетот. Режијата го прекина прилогот за да ѝ го скрати срамот на репортерката, но затоа, пак, беше прикажана нервозната реакција на уредничката Ивона Талевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top