Како што информира МВР, вчера во 21.20 часот во Скопје А.Н. (43) пријавил дека пред својот дом на улица „Миладин Поповиќ“ бил физички нападнат од страна на неговиот сосед З.З. (30) кој при нападот имал нож во раката.
Откако соседите се обиделе да го оттргнат од нападот на З.З. му паднал ножот, а го кренала сопругата на А.Н. При обидот З.З. да и го одземе си нанел расекотина на раката, меѓутоа не успеал во намерата.
Извршен е увид и ножот е одземен за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.