-Многу луѓе на Балканот зборуваат за промената на климата како уште една измама на светот против нас, вели Федор Месингер, првиот академик на САНУ од Втората светска војна.
За жал народот е многу малку свесен што ни се случува со климата. Климата повеќе не е иста како што била, и што побрзо го сфатиме тој глобален феномен, толку подобро за нас, вели академикот.
Тој вели дека во наредните години не очекуваат летни температури кои до сега се уште не сме ги доживеале. Пред 20 години максималните температури на Балканот биле 40,3 а во изминативе години се температурите над 42 степени. Се е потопло и потопло. Академикот објаснува дека минатиот јануари било многу ладно на Дунав.
– Дунав се заледи, не паметам дека тоа некогаш се случило. А потоа ве прашува обичен човек: За какво глобално затоплување станува збор кога Дунав се заледи. Станува збор, за различно време и клима кои граѓаните тешко го разбираат.
Тој објаснува дека постои Париски договор во кој таму членуваат сериозни земји од светот и кои обврзуваат да се зголеми температурата на два степени.
– Тоа е многу ургентен процес кој настана поради согорување на фосилни горива, нафта, природен гас… И ако вака продолжиме нема да биде добро за човештвото, предупредува академикот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.