Италијанка добила два дена платено отсуство за да се грижи за нејзиното болно куче, објави здружението за заштита на животните LAV (Lega Anti Vivisezione), објави „Ла Стампа“.
Поради потребата од итна медицинска интервенција за кучето, жената, која живее сама, отсуствувала од работа за да го однесе домашно милениче на ветеринар, а потоа да се грижи за него.
Со правната поддршка на LAV, таа успеала да го натера својот работодавец да го признае дводневното платено отсуство „поради сериозни лични или семејни причини“.
Таа посочи дека Италијанскиот кривичен законик предвидува една година затвор и парична казна од 10.000 евра за лице кое го напуштило своето животно или го оставило во состојба на „сериозно страдање“.
Со население од 60 милиони, Италија има 60 милиони миленичиња за кои Италијанците трошат околу 2 милијарди евра годишно.
Половина од овие животни се риби, но има 7,5 милиони мачки и 7 милиони кучиња во земјата, во која милениците често ги придружуваат нивните сопственици во трговски центри или ресторани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.