Европскиот ракометен првак Вардар во одличен меч во одигран вечерва во СЦ „Јане Сандански“ успеа со 27-24 (16-12) првпат во историјата на домашен терен да ја совлада моќната Барселона.
Пред мотивирана публика, „црвено-црните“ го надиграа противникот, водејќи од стартот до финишот на мечот, по што се искачија на првото место во групата А од Лигата на шампионите.
Вуко Борозан беше најефикасен кај македонскиот тим со шест погодоци, а посебно мотивиран беше и Шпанецот Хорхе Македа, кој пет пати го најде патот до мрежата во мечот со неговиот поранешен тим. Арпад Штербик беше стандардно солиден на голот, завршувајќи го мечот со 14 одбрани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.