| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетен гостиварец предизвика сообраќајка, петмина се повредени

Едно лице е потешко повредено, а уште четири се задобили со телесни повреди, кога утрово се судриле автомобил и комби на еден од излезите на Гостивар

Според СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила утрово во 6.15 часот на регионалниот патен правец Гостивар-Градец на надвозникот при што се судриле  „фолксваген-венто“ и „форд-транзит“. Возачот на вентото, 16-годишник од Гостивар кој возел без дозвола изгубил контрола и налетал на комбето. Покрај двајцата возачи, повредени се и тројца сопатници, сопатничка во вентото и двајца од комбето, од кој еден се задобил со скршеница на рака. Повредените се пренесени во гостиварската болница, а Ќ.И (32) е пренесен на скопските клиники.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Тетово по овластување на јавен обвинител

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top