| четврток, 6 декември 2018 |

Го шутнала пред сите-позната пејачка откри дека Саша Поповиќ ја запросил пред 28 години

Познато е дека директорот на Гранд продукција Саша Поповиќ е среќно оженет човек кој е во долгогодишен брак со пејачката Сузана Јовановиќ.

Но пред неа Поповиќ бил маж на глас, успешен, духовит и талентиран, па многу дами лудувале по него, а и тој очигледно лудувал по нив. Една од претставничките на естрадното милје, Злата Петровиќ признала дека во далечната 1989 година Саша ја побарал за жена.

-Сале многу ме сакаше и страдаше многу по мене кога ракинавме. Ме запроси за роденден. Извади брилијантски прстен пред гостите, а јас се исплашив и му го фрлив во лице. Поповиќ е совршен маж, но ме побара за жена во погрешно време. Бев млада, имав 27 години, а две години претходно се разведов од Хасан Дудиќ-раскажала пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top