Директорот на Гранд продукција, Саша Поповиќ откри дека на својата кожа осетил што значи да имаш па да немаш, бидејќи огромното богатство кое го заработил со „Сладок грев“ го изгубил.
Поповиќ кратко време во деведесетите години дури живеел во изнајмена гарсоњера.
-Севкупната животна заштеда која ја стекнав занимавајќи се со музика ја изгубив во Дафимент банка и тоа искуство, верувајте, ме научи да се тргнам и да се занимавама со бизнис. Не е тајна дека Брена и Боба ми помогнаа кога останав без динар и ме спасија тоа да не ми станат најтешките моменти во животот – раскажал Поповиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.