Семејството на Саша Поповиќ тешко го поднесува стресот по грабежот кој минатата недела се случи во нивниот дом.
Како што пишуваат српските медиуми, сопругата на Саша Поповиќ, доживеала огромен стрес, поради што со денови е на лекови за смирување.
Како што се наведува пејачката е вознемирена и во луксузната вила повеќе не се чувствува безбедно, иако сопругот ја уверува дека нема причина за страв.
-Сузана е многу чувствителна и грижлива кон Саша и ќерката Александра и синот Даниел, а оваа ситуација и внесе неспокој. Иако мажот и децата се трудат да и објаснат дека грабежи се случуваат секојдневно и дека е јасно дека никој не сака да им наштети, со оглед на тоа дека крадците влегле во куќата кога таму немало никој, таа е неутешна – рекол извор близок до семејството и додал дека Сузана нашла спас во лекови, но само привремено.
-Полесно и е да пие лекови, отколку да плаче по цел ден, а тоа и го кажал и докторот кој и ги препишал, меѓутоа и објаснил дека тоа не треба долго да трае. Таа е свесна дека треба да се опушти, но се уште не е способна за тоа. Саша се труди да ја расположи и насмее, а освен тоа и дополнително ќе го зголемат обебзедувањето на вилата – додал изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.