Заврши дваесетдневната изборна кампања и почна молкот пред локалните избори во недела. Се гласа за советници и градоначалници во 80 општини во Република Македонија и градот Скопје.
Изборите беа распишани на 6 август 2017 година од страна на собранискиот спикер. Листи со кандидати за градоначалници и за советници поднесоа 19 партии и коалиции, како и 63 групи избирачи.
Изборната кампања траеше од 25 септември до 13 октомври, а гласање во прв круг има на 3480 избирачки места на територијата на Република Македонија. Право на глас имале 1.814.644 граѓани запишани во избирачкиот список.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.