СДС се свесни за изборниот пораз и се обидуваат својата неспособност да ја скријат со лажни соопштенија и обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ. Ниту едно обвинување кон ВМРО-ДПМНЕ не може да го скрие фактот дека пензионерите оваа година токму од владата на СДС не го добија планираното покачување на пензиите од 5% на пензиите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДС не може да го скрие фактот дека ги излажа пензионерите. Наместо подобар живот како што ветуваше им го укинува законското покачување на пензиите. Покрај тоа во четири ипол месеци не реализираа ниту еден проект за доброто на пензионерите. Откако е СДС власт, трошоците за живот се зголемуваат, а платите и пензиите се намалуваат. Во такви околности пензионерите не знаат како ќе го истуркаат месецот и дали ќе успеат да ги покријат трошоците за сметки, лекови и храна. Фактите говорат дека во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ пензиите беа покачувани 11 години во континуитет. Пензионерите за време на ВМРО-ДПМНЕ добиваа 8.200 денари повеќе, а СДС сака да ги излаже со мизерни само 2.000 денари за цела година, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата потсетуваат дека покрај покачување на пензиите владата на ВМРО-ДПМНЕ за пензионерите донесе и низа поволности како банско климатската рекреација, бесплатен превоз со воз за пензионери, 50% попуст за посета во културните институции, слободен превоз со градските автобуси во главниот град.
-Животот кој го носи СДС значи укинувања, беда и сиромаштија. Пензионерите и сите граѓани добро ја знаат разликата кој работи за нивно добро, а кој спротивно на нивните интереси. Тие нема да дозволат да бидат излажани. На 15-ти октомври СДС ќе ја добие казната за своите лаги и манипулации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)