Елена Велевска деновива снима нов спот. Се работи за македонска верзија песната која е веќе испеаната на бугарски, а кај нас насловена “Недостапна за тебе”. Фолкерката, ако така сега воопшто може да се нарече Велевска, нејзиниот најнов спот го снимаше во студиото на ИН Продукција. Имено, како што и самата изјави за Естрада +, пејачката се враќа на времето кога со песните како што беа „Невина“, „Наркотику мој“, „Луда и перверзен“, се обиде да штрбне од колачот на забавњаците, но за сепак се’ остана само на обид на пејачка, која тогаш бргу сфати дека е подобро да се држи до она што најдобро го знае и умее, односно она по што нејзината публика ја препознава – новосоздадениот фолк!
Сепак, добриот прием кај публиката која и не е баш по народњаците, на последната песна „Погледни ме за крај“, инаку авторско дело на поп и ар ен би хитмејкерот Роберт Билбилов, на Велевска како да и даде „крилја“ да се обиде одново да вплови во музичките води, во кои некои други „ѕвезди“ суверено владеат на македонската естрада! Особено во моментот кога на десеткуванаите и подзаспани „забавњаци“ и онака им треба „свежа крв“… и веројатно „свежо месо“, зашто музиката оддамна не се слуша само со уши!
„Се надевам дека ќе имаме вистинско освежување за македонската музика и мислам дека ова е еден соодветен потег како што беше во времето со Наркотику мој, Невина, Луда и перверзен… Мислам дека тоа ќе се постигне после Погледни ме за крај и Недостапна за тебе“ – самоуверено ќе изјави Велевска за Естрада+ и додава:
-Се враќам на еден таков период. За да не биде во застој македонската музика, зашто не се произведуваат доволно песни, па сакам ова да биде како една најава, ете повторно да се активираме и да направиме напад со сите мои колеги. Ова е таа модерна музика која што сакам да и ја наметнам на нашата публика, правец во кој сакам да ја насочам фолк музиката. Мислам дека имаме полн погодок“ – изјави Елена која очигледно има големи амбиции и очекувања од македонската верзија на песната за која текстот го направи Љупчо Василев, а музиката остана на Јорданчо Василковски – Оцко.
Во меѓувреме, Велевска понесена од успехот на претходната песна, истата ја стави на Јутјуб во караоке верзија. “За сите оние кои ја бараа“… како што ќе напише самата во постот на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Елена Велевска изреволтирана реагира на „Инстаграм“: Доста е со глупости!
-
Кој е Марјан Мирчески, сопругот на Елена Велевска?
-
Исказите на Елена се лага, но се уште живееме под ист кров: Сопругот на Елена Велевска ја откри својата страна на приказната
-
Поради неа се вратил од Австралија: Кој е сопругот на Елена Велеска кого таа го обвини за семејно насилство?