Иако Шилегов е познат по арогантниот однос, не смее да заборави дека денес тој не е само портпарол на СДСМ, тој е и кандидат за градоначалник на главниот град. На потпишувањето на Платформата за чист воздух Шилегов, видно нервозен, се обиде да испровоцира тензии, а откако Трајановски му одговори со аргументи, Шилегов избега.
Денот на изборите се ближи, а нервозата на СДСМ ескалира. Извесен е изборен дебакл според резултатите на анкетите. За Скопје Трајаноски има далеку повисок рејтинг од Шилегов.
–Шилегов не знае што зборува, и нема да му замериме затоа што не ја знае оваа проблематика. Со голи пароли сите знаеме, овде нема пароли, овде нема полтика, туку има работа. Јас сум првиот градоначалник, кој што ја отвори Пандорината кутија за загадувањето, Скопје било загадено секогаш, не е тоа од моето доаѓање, туку било многу повеќе. Јас сум првиот градоначалник кој што стави мониторинг станица за мерење на воздухот, кој што ја подигна свеста кај граѓаните дека загадувањето е голем проблем кој треба да се решава. Знаете кои се најголемите загадувачи во Градот Скопје, тоа се домаќинствата кои што се претежно во руралниот дел и блиску до урбаните средини, кои што се греат на дрва и остатоци од мебел, јаглен, рече Трајановски.
Тој додаде дека тие ќе продолжат со субвенции за печки на пелети.
–Сметаме дека треба да се продолжи со продолжување на мрежата за топлификација. За жал, партијата на мојот колега Топлификација ја продаде. Да беше Топлификација под Градот Скопје, како што е во Белград, Загреб и Љубљана, во тој случај градот Скопје ќе инвестираше и во нови мрежи и ќе инвестираше во субвенционирање на затоплувањата. Вие сте сведоци дека имаме повеќе од 13 илјади домаќинства кои што се откажаа од топлификационата мрежа, а ја имаат во своите станови, бидејќи цената е висока, а висока е поради тоа што се приватизира. Да не кажувам што се се приватизира во Градот Скопје, рече Трајановски.
Со сличен карактер и ароганција на Петре Шилегов е и нивниот новинар Саше Политико. Тој денес за своја “жртва“ сакаше да го има градоначалникот на општина Аеродром и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за истата функција, Ивица Коневски. Но, не му успеа идејата да испровоцира.
Коневски: Саше Политико, новинарски натрапник ставен во служба на Заев и Марин
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)